историја
1902


Посветениот натурaлист Фридрих Едуард Bilz и визионерскиoт индустријалец и експерт за пијалаци Франц Хартман од Детмолд развиле природен освежителен пијалак врз основа на тропските и локални овошја. “Bilz-Brause” (Bilz-лимонадата) е првиот безалкохолен пијалак, меѓународен бренд со европско потекло кој брзо доживува огромен успех. Во 1902 година се продале вкупно 3 милиони литри; во 1903 година, оваа бројка веќе се искачува на 7 милиони. До 1903 година околу 30.000 угостителствa и мали бизниси во Германија веќе го вклучуваат овој овошен пијалак во нивниот спектар на понуди.
1904
Продажбата на Bilz-Brause се зголемува уште повеќе на годишен обем на продажба од 25 милиони литри. Во текот на летото на 1904 година, сензационално 60.136 шишиња на ден се продадаваат само во Берлин.


1905


По драстичното зголемување на производството и дистрибуцијата, како и за сметка на бројни други производи кои се појавуваат како имитација на пазарот, допринесува до изнаоѓање на заштита на името на брендот за лимонада. Иницијативата е успешна: Инспириран од латинскиот “sine alcohole” штп значи “без алкохол” се добива името Синалко. Тој го менува курсот за исклучително успешна приказна. Денес, името на брендот е заштитен со светски трговски права.
1907
Синалко се воспоставува како глобален бренд: Лимонадата е направена во Германија и
е меѓу првите пијалаци кои се извезуваат во земји од целиот свет, со фокус на Јужна Америка и на Блискиот Исток. Во истата година е воспоставен и Sinalco AG.


1911


Во меѓувреме Синалко има 67 општи агенции, Инт. aл. во Кина, Египет, Аргентина, Бразил, Чиле, Шпанија, Турција и Русија.
1912
Синалко во САД се промовира со Арт Деко стил.


1914 - 1918


За време Првата светска војна производството и извозот престанува.
1932
Во оваа година веќе 515 договори со лиценца се потпишани во следниве градови:
Буенос Аирес (Аргентина), Лима (Перу), Ла Паз (Ел Салвадор), Валпараисо (Чиле), Чикаго (САД), Лондон (Велика Британија), Стокхолм (Шведска), Атина (Грција), Никозија (Кипар), Константинопол (Турција), во Тел Авив (Израел), Варшава (Полска), Виндхук (Намибија).


1937


Уште една пресвртница во историјата на брендот е постигнат: карактеристичното Синалко лого, познато како “Црвена Точка”, односно карактеристичниот црвен круг со дијагонали букви, станува светска ознака за идентификација на германскиот бренд.
1938 - 1946
За време Втората светска војна и производството и извозот повоениот период повторно престанува поради немањето на суровини и Sinalco ги прекинува деловните односи.


1950


Во педесетите, се раѓа легендарнaта форма на шишето Синалко. По војната,1950-1951 Синалко веќе постигнува најголем промет од основањето на компанијата. Синалко е повторно лансиран во Африка, Блискиот Исток и Јужна Америка.
Во 1954 година Синалко ја гради својата прва странска фабрика, во Басра, Ирак.
Во 1955 година, последниот император на Ethopia, Хајле Selassi, доаѓа во посета на Синалко и саемот во Адис Абеба.
Во 1956 година претседателот на Египет, Гамал Абдел Насер, го отвора Синалко и саемот во Каиро.
1960
Во шеесеттите години, Синалко е исклучително успешeн бренд на национално и на меѓународно ниво – пијалаците на овој бренд се достапни во 150 земји. Во Германија, името на брендот “Синалко” постигнува висок степен на препознавање, дури и се користи како синоним за лимонада.


1970


Семејството на сопственикот на Синалко се стекнува со Dortmunder Actien-Brauerei.
1979
Легендарните мелодии “Синалко schmeckt”, кои имаат свое потекло во Болва валцер, ќе се користат за прв пат.


1981


Продажба на правото на трговски знак на Швајцарија.
1982
Логото на марката ќе биде направено во текот на оваа година и ќе се совпаѓа со духот на времето, но црвената точка како бренд марка, секако, ќе остане иста.


1994


Семејство Hövelmann, во Дуисбург, го купува правото на трговски знак за лимонада Синалко за Германија, Австрија и Луксембург. Воспоставување на “Дојче Синалко Markengetränke GmbH & Co.” го отвора патот за повторно отпочнување и заживување на традиционалните Синалко брендови.
1997
Семејството Hövelmann го купува и меѓународното право за заштитен знак – меѓународен бренд “Произведено во Германија” и Sinalco се враќа во својата земја на потекло! На 1 октомври, 1997 година, новоформираната “Синалко International GmbH & Co.” со седиште во Дуизбург-Walsum превзема обврски.


2000


Шипето добива нов изглед. Така, во новиот милениум ќе биде лансирано сега во светот со обновена форма.
Во светот Синалко се рекламира со жолта боја на позадината и црвени букви.
Синалко е застапен насекаде на Балканот.
2002
Aquintéll и Енерги стануваат меѓународни и започнуваат како продолжување на линијата.


2005


Синалко го прослави својот 100-ти роденден на саемот во Минхен со голем број меѓународни гости. Во Дуисбург стогодишнината e отворена со комеморативен говор од страна на вршителот на Сојузниот канцелар Герхард Шредер, кој ја цени извонредната позиција на класичната лимонада на пазарот.
Синалко се враќа во Египет.
2007
Синалко карактеристики- иконата на германската историја на потрошувачите на насловната страница на книгата “Дојче стандарди – Marken des Jahrhunderts” [германските стандарди – Брендови на векот].


2009


Sinetta како независна линија на производи со содржина на овошје и 100% вкус е лансирана во Македонија, Јордан и Ирак.
2010
Лансирано е новото 3D – лого.


2015


Најстариот безалкохолен бренд на европското копно, Синалко, го прослави својот 110 роденден со многу меѓународни активности – Stay tuned!
Сакате да видите повеќе?
Одиме во нашиот веб-сајт и да дознаете повеќе за Синалко
