за нашата компанија

Sinalco – за освежителна иднина

Кожувчанка ДОО Кавадарци е приватно претпријатие формирана во 1995 година од Фамилија Јанчеви .
Покрај првиот производ на оваа компанија , најквалитетната, минерална вода Кожувчанка , оваа компанија ја приоизведува и природната Изворска вода.

Исто, Кожувчанка од Кавадарци е и овластен производител и дистрибутер на Sinalco , газираните сокови меѓу кои вкусови се бројат и негазираните сокови Sinetta , како и енергетскиот пијалак EnergiS.

Оваа компанија, со својата 20 годишна традиција во производство на вода и сокови е една од најбрзо растечките производителни компании во Македонија, a со над 100 вработени се карактеризира како компанија која се грижи за општеството и неговиот квалитетен живот . Со повеќе од 20 дистрибутери и одлична покриеност низ целата земја , производите на Кожувчанка се достапни за секој . Фабриката во која се преработуваат производите е опремена со најсоврмена техничко- технолошка опрема , со еколошка филтрација која гарантира во секој момент здрав и квалитетен продукт на пазарот.

Денес, успехот на компанијата се должи на Менаџерскиот тим , предводен од г-динот Митко Јанчев , а со посветеноста за стекнување доверба кај потрошувачите, компанијата работи да остане дел од секојдневниот , квалитетен живот на граѓаните.